Девојки на возраст од 17, 18 и 20 години киднапирале малолетно девојче, го држеле во стан и го нападнале со остар предмет, соопшти МВР.
„На 03.09.2022 околу 18.00 часот во Струмица од полициски службеници од СВР Струмица приведени се 17 годишна малолетничка, С.Р.(18) и С.П.(20) од струмичко (сите три женски лица) откако било пријавено дека на 02.09.2022 околу 20.00 часот во стан во Струмица противправно држеле и физички, со употреба на остар предмет, нападнале малолетничка од Струмица“, велат од МВР.
По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.