еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Три лица од Албанија илегално влегле во Македонија и се шетале за време на полициски час

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица, државјани на Република Албанија, заради сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

„Обвинетите, на 24 мај, на подрачјето на општина Маврово и Ростуше, ги прекршиле правилата за ограничување на движењето за време на полицискиот час, при што биле затекнати од овластени полициски службеници.

При проверка на нивниот идентитет,  било утврдено дека обвинетите, на возраст од 31, 32 и 34 години, илегално влегле на територијата на Република Северна Македонија.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, со цел да се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Гостивар му предложи за лицата да определи мерка притвор.

Судот го прифати ваквиот предлог и на обвинетите им определи притвор во траење од осум дена“, информираат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тепачка меѓу брачни парови за време на полициски час во Велес

Групна тепачка за време на полициски час на улица „Христо Татарчев“ во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата го донесе Боки 13 во Обвинителството да даде исказ за „Рекет“

Редакција

Знамето на „голема Албанија“ во Тетово го веел германски државјанин

Редакција

(Фото) Груевски има највисок рејтинг во анкетата на ИРИ

Редакција