Четири нови случаи на коронавирусот се регистрирани во Тиквешко во последните 24 часа, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Од новозаболените случаи, три се од Кавадарци, а еден од Неготино.
Новозаразените се од двата пола и на возраст од 26 до 62 години. Сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Се утврдуваат контактите што ги имале, со цел нивна изолација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само 19,3% од заразените со Ковид-19 во Македонија биле хоспитализирани
26,4% од заразените со Ковид-19 во Македонија без симптоми
МИА/Фото: Општина Кавадарци
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.