еМагазин
Image default
Македонија

Tри нови случаи на Ковид-19 во семејство од селото Чегране

Последните тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, откриени се три нови случаи. Новооткриените се во семејство од селото Чегране каде завчера беа потврдени позитивни резултати на Ковид-19.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, денеска едно лице е прогласено за излекувано и вкупната бројка на активни случаи до денеска е 11 (седум во Гостивар и четири во Врапчиште).

Петмина се лекуваат во болнички услови, а шест се дома и без симптоми. Епидемилозите издале решенија и препорачале самоизолација на дваесетина лица. Тоа се главно лица кои имале контакти со брачниот пар од селото Чегране.

Во меѓувреме се прават анкети и тестирања, а спроведена е и дезифекција на објектот на ЈП Комуналец, според епидемиолошките протоколи.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 398 тестирања, а кај триесет случаи имаше позитивни резултати.

Од последици на Ковид-19 во гостиварско починаа три лица.

МИА/Фото: Општина Гостивар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа уште четворица пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 145

Во Прилеп еден новозаболен од Ковид-19, a едно лице почина на 84 години

Официјално: Нови 101 заболени од корона вирусот, од кои најголем број 59 во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гевгелија се подготвува за новиот бран на корона вирусот: Ќе се постави монтажна болница

Редакција

„Македонците благодарни на Србија“: Српските медиуми за најавата дека српските граѓани нема да плаќаат патарина во Македонија летово

Редакција

74 се реинфекции: 457 нови случаи на Ковид-19 од 2.730 тестови

Редакција