еМагазин
Image default
Македонија

МВР најавува пријави: Три новогодишни прослави на поголема група на луѓе во Скопје

Во текот на новогодишната ноќ на подрачјето на Скопје евидентирани се три пријави за прославување на поголема група луѓе.

Едната прослава била во општина Карпош на булеварот „Партизански одреди“, втората во општина Центар на булеварот „Илинден“ и третата на подрачјето на Бит Пазар, во Старата Чаршија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Контролирани се и 288 угостителски објекти и не се констатирани неправилности при спроведување на протоколите за спречување на Ковид-19.

– Во текот на ноќта констатирани се осум прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, а на 31.12.2020 во 18:40 часот на ул.„Иван Козаров“, пред угостителски објект, поради нарушување на јавниот ред и мир приведени се М.Н.(18) и И.Д.(18) и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Констатирани се и 29 прекршоци за неносење лична заштита, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 40 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупно 2.206

Редакција

Детален преглед на состојбата со заразени од корона вирусот во македонските болници

Редакција

Убава вест: 133 оздравени од Ковид-19

Редакција