Централниот Регистар постапувајќи по пријавата за промена во Надзорниот одбор на Еуростандард банка односно упис на нови членови донесе решение со кое се одобрува пријавата.
Со неа, досегашните членови на Надзорниот одбор, Трифун Костовски и Гале Галев се избришани од евиденцијата, а на нивно место се впишани Филип Ивановски, како независен член и Емил Ханџиски како член на Надзорниот одбор.
Според веб-сајтот на банката, Костовски бил член на Надзорниот одбор од нејзиното основање.
Инаку, „еМагазин“ неодамна пишуваше за обидот за продажба на Еуростандард банка на Комерцијална банка, кој заврши неуспешно откако двете страни не се договорија за цената.
Тогаш, наместо купопродажба, Комерцијална банка им даде на акционерите на Еуростандард банка кредит од 10 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ