еМагазин
Image default
Бизнис

Триглав осигурување со загуба во првите три месеци од годинава

Tриглав Осигурување АД, Скопје заклучно со 31.03.2021 година оствари нето загуба од работењето во износ од 30.955.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Оттаму очекуваат потепкотии во работењето поради пандемијата од Ковид-19, но и да ја задржат водечката улога на пазарот.

„Работењето на друштвото ќе се одвива во влошени макроекономски услови, а истовремено може да се очекува заострена конкуренција на осигурителниот пазар и неповолно финансиско опкружување за остварување на принос од финансиските вложувања.

Последиците од ширење на вирусот Ковид-19 се видливи и очигледно е дека македонската економија 2020 година ја заврши во рецесија, со оценка за падот од -4,5%.

Генерално, очекувањата за 2021 година се дека друштвото се уште ќе се соочува со намалена економска активност, која може да резултира со намалена премија и намалена наплата на истата, но од друга страна очекуван е и забавен раст во ликвидација на штети како и намалени бруто оперативни трошоци.

Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува да ја одржи водечката позиција на пазарот и да ја задржи профитабилноста и сигурноста во работењето“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војдан Јорданов назначен за извршен директор на „Триглав Осигурување“

„Триглав осигурување“ лани оствари добивка од 15,2 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недостигот од квалификувана работна сила најголема мака на преработувачите

Редакција

Потпишан договор со “ИРД инженеринг“ за консултант и надзор за автопатите на коридорите 8 и 10-д, кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“

Редакција

Нормализиран железничкиот сообраќај, машиновозачите го прекинаа бојкотот

Редакција