еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тројца починати од Ковид-19 во Тетово, се намалува бројот на хоспитализирани

До утринава во седум часот, за период од 24 часа, тројца хоспитализирани пациенти поради Ковид-19 ги загубиле животите во тетовската болница. Две лица се на 69 и едно на 77 години.

„Има 36 вкупно хоспитализирани значително е намалена бројката. Се надеваме дека уште ќе паѓа бројот и до крај на следната недела ќе немаме хоспитализирани.

Значително намалување има кај амбулантски прегледи. За прегледи и контрола за 24 часа се јавиле 43 луѓе. Од нив двајца се примени на болничко лекување,“ изјави д-р Миранда Пајазити.

Уште четири лица преживеани од пожарот во модуларната болница се на болничко лекување.

„Се уште се грижиме за нив, тие се во добра стабилна состојба, другите се дома. Општата состојба моментално е стабилна колку може да се каже стабилна сите се со голема нега.

Се надеваме дека ќе го пребродат ова што побрзо и дека ќе се пуштат дома. Имаме доволно кадар – медицински персонал, доктори и сестри, има за сите ковид пациенти. Имаме помалку хоспитализирани и подобро се менаџира ситуацијата,“ додаде Пајазити.

Во тетовскиот регион се бележат 1.082 активни случаи на болни со Ковид-19.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оливер Спасовски поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ

Редакција

Вучиќ: Недостасуваше нешто опипливо во понудата на ЕУ до Македонија за референдумот

Редакција

(Видео) Импресивна снимка од новиот автопат Миладиновци-Штип

Редакција