еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Тројца полицајци од Штип добија кривична, употребиле прекумерна сила при апсење

Кривична пријава е поднесена против тројца полициски службеници во СВР Штип, Г.Ф., И. Х. и Б.Н., осомничени за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавените неосновано и прекумерно употребиле физичка сила врз лице кое било лишено од слобода.

-Во својство на полициски службеници, на 1 септември 2023 во 21 часот, ги пречекориле границите на своите службени овластувања над оштетениот Б.Н., кој бил лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Штип, наведува МВР.

Кривичната пријава е поднесена од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе преземе мерки согласно одредбите од Колективниот договор на МВР, информира Министерството за внатрешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 95-годишна возраст почина филмската легенда Џина Лолобриџида

Редакција

(Видео) Ламбе го запали „францускиот предлог“ пред Влада: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Редакција

Драматичен раст: Бројот на загинати во земјотресот во Авганистан се искачи на над 950

Редакција