еМагазин
Локално

Тројца приведени за напад на полицаец во Струга

Две лица од струшкото село Џепин и еден стружанец се приведени вчера поради напад на службено лице. СВР Охрид денеска соопшти дека околу 17 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со напад врз службено лице при вршење службени дејства.

„Приведени се А.К.(38), Д.К.(35), двајцата од струшкото село Џепин и Л.Б.(29) од Струга. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира СВР Охрид.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момче почина од пожар во Тетово

Редакција

Воз удрил во маж кај железничкиот мост на Маркова Река, починал на лице место

Редакција

Почина 23 годишна девојка која како пешак тешко беше повредена на 15 август во Тетово

Редакција