еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Турција „не ја затвора вратата“ за влез на Финска и Шведска во НАТО, сака преговори со нив за “сузбивање на терористичките активности“

Советникот на турскиот претседател за надворешна политика Ибрахим Калин изјави дека Анкара „не ја затвора вратата“ за приклучување на Финска и на Шведска во НАТО.

– Турција не ја затвори вратата за влез на Шведска и на Финска во НАТО, но сака преговори со тие нордиски земји и сузбивање на терористичките активности, посебно во Стокхолм, наведе Калин.

Тој додаде дека тоа е значително прашање за безбедноста на Турција.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган вчера изјави дека внимателно ги следи случувањата во врска со можното членство на Финска и Шведска во НАТО, но оти нема позитивно мислење за тоа.

– Немаме позитивно мислење. Скандинавските земји се како гостинска куќа за терористички организации, истакна Ердоган.

Иако Турција вообичаено одржува добри односи со Финска, таа имаше некои несогласувања со Шведска поради поддршката на скандинавската земја на сирискиот огранок на Курдската работничка партија и нејзиното спротивставување на турските прекугранични операции против терористичката група во северна Сирија.

Турција традиционално ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО за натамошно проширување. Сепак, Анкара задржа неутрална позиција во украинската криза и ја презеде улогата на посредник одржувајќи канали за комуникација со двете завојувани страни.

Од почетокот на конфликтот, Анкара понуди да посредува меѓу двете страни и да биде домаќин на мировните преговори, нагласувајќи ја својата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган е против Шведска и Финска да влезат во НАТО, според турскиот претседател грешка е и приемот на Грција

МИА/фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе ги имаме ли првите избори без митинзи поради корона вирусот?

Редакција

Ковачевски: Настава мора да се организира и за време на штрајк, апелирам на дијалог за да изнајдеме решение

Редакција

„Стентон градба“ го доби тендерот на ЕСМ за изработка на дренажни бунари вреден 2,8 милиони евра

Редакција