еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Турција нема да воведе санкции против Русија: Тие ќе и нанесат поголема штета на турската економија, отколку на руската

Турција нема да се приклучи на западните санкции против Русија, кои беа воведени поради украинската криза, изјави Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател.

„Не воведуваме санкции и нема да им се придружиме. Мора да ги гледаме нашите интереси. Ако сите уриваат мостови, тогаш кој ќе разговара со Русија“, изјави синоќа Калин во интервју за телевизијата Хабертурк.

Тој нагласи дека економските односи на Турција со Русија се такви што санкциите ќе и нанесат поголема штета на турската економија, отколку на руската.

„Имаме јасен став за прашањето за санкциите. Западот не го прифати тоа“, рече Калин.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Екипа на „Скај њуз“ падна во заседа во Украина, ранет дописникот

Редакција

Пакомак нуди на свој трошок да ги празни сите контејнери за селективен отпад од пакување на територијата на Град Скопје

Редакција

Детален преглед: Во кои хотели работниците со ниски приходи може да ги искористат ваучерите за домашен туризам

Редакција