еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Турција од денеска командува со силите на НАТО на Косово

Турција од денеска ја презема командата со мировните трупи на НАТО во Косово, КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина.

Церемонијата на примопредавањето на командата се одржа во кампот Филм Сити во Приштина.

Нов командант на КФОР, 28. по ред од формирањето на мисијата во 1999 година, ќе биде генерал-мајор Озкан Улуташ.

Во изминатата година командата на КФОР ја имаше Италија, а командант во тој период беше генерал-мајор Анџело Микеле Ристучи.

На церемонијата присуствуваа министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечла, верски лидери и други високи државни личности, како и командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол, адмирал Стјуарт Б. Мунш.

МИА/Фото: Еулекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Благој Нацоски и „Цацко Конопишки“ феноменални со легендарната песна „Ти си некаде“

Редакција

(Видео) Како ќе изгледа ГОБ „8 Септември“ по реконструкцијата

Редакција

Вања Ѓорчевска е пронајдена мртва

Редакција