еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Во март дури 54.662 работници не земале плата

Во март не им била исплатена плата на 54.662 работници, а во февруари на 9.947 работници, објави денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

На прес-конференцијата во Владата, Лукаревска посочи дека во март плата не исплатиле 14.998 работодавачи, а во февруари 3.774 работодавачи.

Тоа се двата месеца во кои работодавачите и работниците чекаа во Собранието да бидат донесени законите со кои требаше да почне имплементацијата на мерките од петтиот анткризен пакет.

„Имајќи предвид дека се очекува реализација на оваа мерка за финансиска поддршка од петтиот сет антикризни мерки, се уште немаме започнато како даночен орган да спроведуваме присилна наплата по неплатените МПИ за месец февруари 2021 и немаме спроведено опоменување за неплатените МПИ за месец март 2021“, рече Лукаревска.

Според податоците на УЈП, што ги презентираше Лукаревска, досега 124 работодавачи ја злоупотребиле финансиската поддршка за исплата на плати, односно парите за плати не стигнале до вкупно 371 вработено лице.

Во април, 43 работодавачи не исплатиле плата на 95 вработени, во мај 27 работодавачи не исплатиле плата на 51 вработен, а во јуни 44 работодавачи не исплатиле плата за 121 вработен.

Во октомври, 21 работник не добиле плата од четворица работодавачи, во ноември 11 работодавачи не исплатиле плата за 30 вработени и во декември 23 работодавачи не исплатиле плата на 53 свои вработени.

„Оваа бројка се намалува покрај сите дејствија од наша страна како даночен орган за присилна наплата, блокирање на нивните сметки….“, рече Лукаревска.

Најави дека во соработка со Државниот инспекторат за труд продолжуваат контролите кај оние работодавачи кои ја злоупотребиле оваа помош.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 990 случаи на Ковид-19 од 2.655 тестирања

Редакција

(Фото) Браќа од Риека продаваа крофни за таткото на Нина од Нови Сад

Редакција

Раст од 25%: Минатата недела 1.559 реинфекции со Ковид-19

Редакција