На 15.12.2019 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(54) од Скопје поради тоа што околу 12.00 часот со своето возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, на булевар „Партизански одреди“ не застанал на знак за запирање од полициска службеничка и со возилото ја удрил, информира МВР.
После тоа, И.К. го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.