На 09.10..2018 година околу 01,00 часот на улицата „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода Ј.С.(48) и В.Т.(34), двајцата од Тетово, поради тоа што кај нив бил пронајден кокаин, информира МВР. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Претходно, на 08.10.2018 година околу 22,00 часот на улицата „Злате Дамјановски“ во Гостивар, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(37) од Скопје и А.Ј.(46) од Гостивар поради тоа што кај нив бил пронајден кокаин. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.