Министерство за здравство информира дека регистрирани се 3.803 оздравени пациенти од Ковид-19 од: Скопје – 2.109, Куманово – 252, Битола – 180, Тетово – 178, Велес – 165, Гостивар – 126, Гевгелија – 88, Кавадраци – 82, Ресен – 80, Неготино – 73,Штип – 67, Охрид – 59, Кичево – 52, Прилеп – 46, Крушево – 35, Кочани – 30, Свети Николе – 24, Радовиш и Делчево – по 22, Струмица – 18, Демир Хисар – 17, Виница – 16, Струга – 14, Богданци – 13, Демир Капија – 9, Крива Паланка – 8, Дебар – 6, Берово и Пехчево – по 3, Пробиштип, Валандово и Македонска Каменица– по 2.
Од вкупниот број на оздравени, 3.564 се пријавени како позитивни во периодот 01.01-31.03.2021 година. Се работи за лица кои не се пријавени досега како оздравени до Институтот за јавно здравје, а кај кои се поминати 20 дена од позитивен резултат.
Овие лица за време на болеста биле хоспитализирани или немале матичен лекар или се странски државјани, па затоа не излегол предлог за оздравување во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ.
Вкупната бројка на оздравени е 143.069.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само 6.257 активни случаи на Ковид-19: Нови 123 заболени од 2.598 тестирања
Починаа 17 лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.168
Фото: МЗ