Според последните информации од Министерство за здравство, бројот на активни случаи со корона вирус е 572, а на излечени 852, што покажува дека продолжува трендот на зголемување на бројот на излекувани од активни случаи.
Паралелно со ова, се намалува бројот и на тестирани пациенти, посебно во приватните лаборатории. За прв пат вчера, на Клиниката за инфективни болести немаше примено нов пациент.
Имајќи ги предвид овие податоци за намалување на кривата на заболени од корона вирусот, следната недела се очекува ново поголемо олабавување на мерките.
Неделава што доаѓа ќе бидат соопштени протоколите изработени од Комисијата за заразни болести за функционирање на економските оператори, фабриките, јавниот превоз, откако ќе се консултираат сите засегнати страни.
Но сето тоа, како што изјави министерот за здравство, Венко Филипче ќе оди постепено, со почитување на мерките за дистанца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени уште 45 пациенти, вкупно 852 излечени
Вкупно 1.506 заболени од коронавирусот: Потврдени 15 нови случаи, од кои половината во Куманово
За прв пат од почетокот на епидемијата, на Клиниката за инфективни болести нема прием на нов пациент
Фото: Кабинет на претседателот