еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Убава вест: Вакцината на „Модерна„ за Ковид-19 е ефикасна 94,5%

Фармацевтската компанија „Модерна“ денеска објави дека ефикасноста на нејзината експериментална вакцина против коронавирусот е 94,5 проценти, а информациите се базираат на последната фаза од клиничкото тестирање.

Ова е втора американска компанија што соопшти дека разива вакцина со висока ефикасност против Ковид-19 за само седум дена. Претходно, „Фајзер“ информираше дека ефикасноста на нивната вакцина е нешто повеќе од 90 проценти.

Освен ефикасноста, друга важна работа се издвојува кај вакцината на „Модерена“ – не бара чување на екстремно ниски температури, туку е стабилна на температури од два до осум степени 30 дена и може да се чува на температура од минус 20 во период од шест месеци.

Вакцината на „Фајзер“ мора да се чува на минус 70, додека руската Спутник V, која е ефикасна 92 проценти, може да се чува на минус 18 Целзиусови степени.

„Модерна“ дојде до овие резултати врз основа на тестирање на 30.000 волонтери, а се чека уште американското регулаторно тело за здравство да дозволи употреба на вакцините.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 937 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Ковачевски очекува извештај за процедурите за државјанството на Онишченко

Редакција

Србија е подготвена да го прифати концептот на предложениот договор за косовското прашање

Редакција