Во Дебар, кој беше прво жариште на коронавирусот во нашата држава, и во последното 25-то по ред деноноќие нема новозаразени со Ковид-19, информираат од општинскиот Оперативен штаб, повикувајќи се денешните официјални податоци од Министертвото за здравство.
Бројот на заразени останува 51, од нив двајца од Центар Жупа, сопружници кои беа и прводијагностицирани по нивното враќање од Италија.
-Од вкупната бројка 47 се излекувани, од кои 16 во Клиниката за инфективни болести во Скопје, останатите се лекуваа во домашни услови, бидејќи имаа лесна форма на болеста. Регистрирани беа и четворица починати од Ковид-19, од нив тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа, додаваат од општинскиот Оперативен штаб.
Според полициската статистика, посочуваат, во текот на изминатото деноноќие за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот не е регистрирано прекршување.
Во истиот период, не се пријавени и регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. Во Дебар нема лица во изолација, освен едно лице во самоизолација.
Од штабот апелираат до граѓаните и понатаму да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните, пред се носење заштитна маска, одржување физичка дистанца и одбегнување групирања.
МИА/Фото: Општина Дебар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмногу во Скопје: Нови 20 случаи на заразени со коронавирусот
Нов, втор случај на позитивен на Ковид-19 во општина Маврово и Ростуше
Убава вест: Оздравени уште 24 заболени од Ковид-19, вкупно 1.136