еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради грешки учебникот по Историја и општество за петто одделение повлечен од наставата

Учебникот по Историја и општество за петто одделение е повлечен од употреба поради грешки во содржината.

Министерството за образование и наука (МОН) објави повик за формирање авторски тим за изработка на нов учебник и заинтересираните автори може да се пријават до 5 јуни.

Поради грешките во учебникот, кои беа увидени во декември, само неколку дена откако учениците го добија, реагираше Здружението на историчарите и јавноста, а МОН на крајот на минатата година информираше дека комисија ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции.

Министерството за образование и наука тогаш побара од Националната комисија за учебници, како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, информации за постапката за одобрување на конкретниот учебник во кој, како што наведе МОН, „констатирани се низа грешки и нелогичности кои не смееја да се дозволат“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 819 оздравени од Ковид-19, најмногу во Скопје 256

Редакција

Денеска се испишуваат 12 повредени во пожарот во Кочани, еден се враќа од Белград на лекување овде

Редакција

Министерот Димитров за информациите дека бил „заштитен извор“ на Американците: Ми извадиле стари информации

Редакција