Меѓународното училиште „Нова“ и фабриката „Жито Пром“ од Гевгелија донираа заштитна медицинска опрема односно маски, визири и скафандери за Инфективната клиника во Скопје и Општата болница во Гевгелија.
Воедно, тие обезбедија и месечно снабдување со кроасани за сите 170 вработени на Инфективната клиника, за 110 социјално загрозени семејства во Гевгелија како и за Црвениот крст во Скопје(за 40 луѓе кои работат во мобилните тимови, 150 бездомници, 150 деца на улица и 70 стари и изнемоштени лица кои периодов не се во можност да излезат од своите домови).
Со цел да им помогнат на ранливите категории граѓани како и на медицинските лица кои без одмор се борат со вирусот Ковид-19, „Нова“ и „Жито пром“ се одлучија на овој чекор. Покрај месечното снабдување со кроасаните, тие одвоија средства да се купат и 700 маски, 30 визири и 120 скафандери за двете здравствени институции.
– Со пораката #wearehere4U, нашите две организации „Жито Пром” и „Нова” ги здружија силите да им помогнат на тие кои се првата одбранбена линија од корона вирусот. Се надеваме дека оваа донација ќе му помогне на персоналот да обезбеди подобра заштита на личното здравје со што ќе можат да бидат поефективни во грижата за нашето општо здравје, велат од менаџерските тимови на „Нова“ и „Жито пром“.
Меѓународното училиште „Нова“ на 11 март ги затвори своите врати и продолжи целосно да ја реализира наставата онлајн. Фабриката „Жито Пром“ која ги произведува кроасаните 4U функционира со намален капацитет комплетно следејќи ги препораките за заштита на своите вработени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРАВО: „ИГМ Трејд“ од Кавадарци со 833.876 евра дава поддршка во борбата против корона вирусот
„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА