еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

УХМР: Денеска се можни поројни дождови и брзо зголемување на водостоите на реките и свлечишта

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека во текот на денешниот ден, на повеќе места се очекуваат локални поројни врнежи од дожд кои можат локално да предизвикаат брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците низ земјава, а можно е да има и локални проблеми во дел од градските населени места доколку таму бидат распределени интензивните врнежи.

Исто така, можна е и појава на свлечишта.

Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците за време на денешниот ден.

Времето денеска е променливо облачно, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне 28 степени. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов рекорд: 393 нови случаи на Ковид-19, во Скопје дури 189

Редакција

Финансиерот на бугарските клубови, Врабевски најави отварање на уште 20, оти ни биле „испрани мозоците“

Редакција

Жртвите на сексуално насилство се со долгорочни последици по физичкото и менталното здравје 

Редакција