Во вечерните часови врнежите ќе ослабнат и постепено ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер.
Од четврток ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури, додека утринските до крајот на работната недела насекаде ќе бидат под нула.
Фото: Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.