еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украина ги прекина дипломатските односи со Русија

Украинскиот лидер Володимир Зеленски ги прекина дипломатските односи на Киев со Москва како одговор на руската инвазија.

– Ги прекинувавме дипломатските односи со Русија, нагласи Зеленски во видео-порака.

Тоа го означи првиот прекин на врските откако Русија и Украина станаа независни земји по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Претходно, пак, Русија го суспендираше движењето на комерцијалните бродови во Азовското Море до понатамошно известување, објави Руската управа за поморски и речен транспорт.

Комерцијалниот сообраќај во Азовското Море е прекинат по ескалацијата на конфликтот во Украина.

Русија почна „специјална воена операција“ во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ја одобрил воената акција, бидејќи Русија немала друг избор освен да се брани од, како што рече, заканите кои доаѓаат од Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на нафтата нагло порасна, а берзите тонат по нападот на Русија врз Украина

(ВИДЕО) Потресни снимки од Украина: Цивилите масовно ја напуштаат земјата

(ВИДЕО) Русија ја нападна Украина

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пациентите со цистична фиброза побара државата веднаш да обезбеди средства за терапија за болеста

Редакција

Нов рекорд: 1.085 случаи на Ковид-19, во Скопје 447

Редакција

Македонија гласала воздржано за резолуцијата за прекин на огнот во Газа, оти не бил спомнат терористичкиот напад на Хамас

Редакција