еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украина го одби ултиматумот на Русија за предавање на Мариупол

Заменик претседателката на украинската Влада, Ирина Верешчук синоќа изјави дека е одбиена руската понуда за предавање на Мариупол.

– Има осум страници на кои пишува за историја и други глупости. Тие го испратија истото писмо до ОН, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и се надеваа дека меѓународните структури ќе реагираат и ќе почнат да вршат притисок врз Украина. Тоа не се случи. МКЦК и ОН разбираат дека тоа е руска манипулација и дека луѓето се држат како заложници, истакна таа.

Украина бара Русите итно да ги отворат хуманитарните коридори.

– Не може да се зборува за никакво предавање, за положување на оружјето. За тоа веќе ја информиравме руската страна. Напишав: Наместо да губите време на осум страници писма, само отворете го коридорот, изјави Верешчук.

Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина има рок до денеска во раните утрински часови да даде одговор за предавање на Мариупол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Сопруга на поранешен украински пратеник се обидела да изнесе 28 милиони долари и 1,3 милиони евра од Украина

(Видео) Ужасот на војната во Мариупол снимен со дрон

(Видео) Снимка од дрон од Мариупол сведочи за ужасот на војната во Украина

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Христос воскресна – Навистина Воскрена“: Православните христијани денеска го слават Велигден

Редакција

Снимките за Мицкоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

Редакција

(ВИДЕО) На Мицкоски изјавата на Заев му предизвикала „чувство на гадење“

Редакција