Порталот А1он објави дека Унгарија нема да го екстрадира поранешниот премиер, а сега бегалец, Никола Груевски ниту за настаните поврзани со 27 април.
Информацијата за А1он ја потврдуваат и од Министерството за правда.
„Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија.
Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегал“, велат од Министерството за „А1он“.
Претходно Унгарија одби екстрадиција на Груевски по барањето за издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Фото: Фејсбук/Груевски