Режисерот Слободен Унковски со интересен фејсбук-статус му се обрати на министерот за здравство Венко Филипче како поддршка за мерките, луѓето да седат дома како превенција од корона вирусот.
„Драг Венко, овде Слободан Унковски. Со семејството на Горан Стефановски, денес и дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно Бушавата азбука, едукативна серија за деца во 31 епизода… Малку да помогнеме во пополнување на времето кога не се оди во школо. Ќе почне да игра од утре, прекуутре, два пати дневно. Срдечен поздрав и почит, Унко,“ вели Унковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Би се самоизолирале ли поради корона вирусот?
Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?
(Фото) Информирајте се правилно: Митови и вистини за корона вирусот
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.