Нуркачи од Нуркачкиот центар „Акватек“ од Охрид спроведоа уште една активност за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.
Со порака „Стоп за пластика. Чиста околина“ тие чистеа на дното на езерото на потегот кај Стариот дел на Охрид, отстранувајќи пластика од амбалажа за една употреба.
„Ќе го исчистиме езерово само под услов да престанеме да користиме пластика за еднократна употреба. Се друго е вртење во круг, а повеќе време немаме за вртење крукчиња другари и другарки„, велат од „Акватек“.
Изминатата година нуркачкиот клуб „Акватек“ спроведе повеќе акции за чистење на езерото во кои беше извлечен најразличен вид отпад што го загадува езерото и му штети на подведниот жив свет.
МИА/Фото: Фејсбук/Акватек
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.