еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Утре попладне и во среда поројни врнежи, за викендот посвежо

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека утре попладне, претежно во западните делови, како и во среда, на повеќе места, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на локално невреме.

Во четврток и петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе услови намалување на дневната температура.

Според УХМР, утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец, а попладне, претежно во западните делови, ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 33 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за здравство: Повредените патници се контактибилни, но превентивно се врши компјутерска томографија

Редакција

Албанија ги укинува царините за стоки со Македонија, Србија и Косово 

Редакција

Хотели-Метропол во загуба во првото полугодие

Редакција