Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучи да и предложи на Владата, сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа при одење на работното место да прикажат потврда за примена најмалку една вакцина или ПЦР негативен тест, кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Вработените треба да прикажат или потврда за прележан ковид не постар од 45 дена, или пак потврда од лекар специјалист дека вакцината не можат да ја примат, а тоа се оние ретки имунолошки состојби.
Филипче препорача кон овие мерки да се приклучат и приватните компании.
Уште една мерка е и препорака вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.
Мерките треба да стапат на сила десет дена откако ќе ги усвои Владата.
МИА/Фото: МЗ