Вкупниот број на заболени од коронавирусот во Македонија според последните податоци изнесува 177 лица.
Вчера за прв пат се регистрирани заболени од вирусот во Прилеп и Велес.
“Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 9 градови: Скопје (108), Дебар (41), Куманово (11), Штип (7), Велес (3), Кавадарци (2), Прилеп (2), Охрид (2) и Гостивар (1).
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 144,7 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 17,5 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 13,3“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот се искачи на 17
Сите детали: Најголем дел од новозаболените од коронавирусот се на возраст од 50-59 години
Регистрирани првите случаи во Прилеп: Сопружници заболеле од корона вирусот
Двајца припадници на Армијата, подофицер и војник позитивни на коронавирусот
Фото: Општина Велес/Графика: ИЈЗ