еМагазин
Image default
Локално

Велешанец починал по пад од височина од својот двор

Седумдесет и двегодишниот Б.Ѓ.(72) од Велес починал вчера откако се лизнал додека ги полевал дрвјата во дворот и паднал од висина од околу 10 метри на задниот дел од куќите на неговите соседи.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 08.40 часот, а се случил на улица „Богдан Прличков“ во Велес.

– Екипа од Итната медицинска помош и полициски службеници го извадиле Б.Ѓ. од непристапниот терен, по што со возилото на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, каде била констатирана смрт, наведуваат од МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата спречила грабеж на марихуана од фабрика во Струмичко, уапсени три лица

Редакција

Скопјанка обвинета за затајување: „Присвоила“ книги вредни над 5.000 евра

Редакција

Бегалец од Идризово вратен во затвор

Редакција