Во периодот од 01.01. до 31.06.2021 година Димко Митрев АД Велес оствари нето добивка од 5.525 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година е поголема за 5.300%, информира компанијата преку Македонската берза.
“Оваа добивка е како резултат на тековното работење и добиената финансика поддрша за исплата на плати од државата за месеците април, мај и јуни 2020 година, 50% од нето добивката пред оданочување и оданочивите расходи од даночниот биланс ги вративме, а разликата до искористената финансиска поддршка ја приходувавме.
Имено во пресметковниот период е остварен вкупен приход од 146.723 илјади денари и во однос на вкупниот приход во 2020 година е поголема за 57%.
По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 89%, приходите од домашен пазар со 3% и други приходи со 8%.
Во остварените вкупни приходи најголем дел се остварени приходи од продажба на сопствени производи и услуги наменети за извоз кој редовно се наплаќаат.
Во периодот од 01.01. до 30.06.2021 година вкупните расходи изнесуваат 141.198 илјади денари и во однос на вкупните расходи во 2020 година се поголеми за 51%.
По структурата на застапеност во вкупните расходи најголемо учество имаат трошоците за суровини и репроматеријали и изнесуваат 65.660 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се поголеми за 23%.
Трошоците за бруто плата на вработените изнесуваат 46.792 илјади денари и во однос на истиот период во 2020 година се поголеми за 15% и истите редовно се исплаќаат.
Во пресметковниот период од 01.01. до 30.06.2021 година вкалкулирани се нето плати во вкупен износ од 30.896 илјади денари и задолжителни придонеси за нето плата во износ од 15.896 илјади денари“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велешки Димко Митрев ја зголеми добивката за 302%