еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Веро обезбеди 14.000 евра за СОС Детско село преку акцијата „Заокружи сметка“

Предавајќи ја сумата од 853.712 денари (околу 14.000 евра) на СОС Детско село, Веро ја заокружи донаторската акција „Заокружи сметка“ наменета за помош на децата без родителска грижа, информираат од таму.

Генералниот директор на Веро, Петар Денковски, ѝ ја предаде вредната донација на директорката на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, продолжувајќи ја континуираната поддршка што компанијата Веро ѝ ја дава на оваа организација.

-Акцијата „Заокружи сметка“ е нов, иновативен донациски концепт кој Веро првпат го спроведе во Македонија.

Оваа акција се одвиваше од 15 декември до 15 јануари, кога секој потрошувач во Веро маркетите при плаќањето на каса можеше да ја „заокружи сметката“ на некој повисок износ по личен избор и разликата меѓу износот на пазарувањето и заокружениот износ да ја донира во хуманитарна цел.

Потрошувачите на Веро го препознаа поттикнатиот хуман момент и масовно се вклучија во акцијата, донирајќи за децата од СОС Детско село, велат од компанијата.

Предавајќи ја собраната помош, Денковски не го криеше задоволството од успешната донаторска акција, која поттикна многумина индивидуално да се вклучат во мисијата на Веро за поддршка на децата без родителска грижа.

Тој го истакна големото значење на овој тип акции што ги организира Веро, а кои имаат цел да ја поттикнат индивидуалната филантропија кај луѓето.

-Ја завршивме претходната година и воедно ја почнавме оваа со прекрасна, хумана активност која покажа дека нашите потрошувачи се луѓе со големо срце, секогаш подготвени да помогнат. Мисијата на Веро е да ја подигнеме свеста на луѓето дека со мал личен ангажман во рамките на своите можности може да направат големи промени во заедницата.

Досега организиравме неколку донаторски акции наменети за децата од СОС Детско село бидејќи децата се нашата иднина и секое дете има право на квалитетен живот без оглед на околностите. А ние како поединци, но и како општествено одговорни компании, треба да им го овозможиме тоа.

Навистина сме среќни што овие акции наидуваат на голем одзив и овозможуваат помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна, односно до најранливите категории, рече Денковски.

Националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, истакна дека оваа организација веќе 20 години секојдневно ги менува животите на децата, при што изминатата година им пружиле поддршка на 477 деца без родителска грижа, деца во ризик да го изгубат семејството и млади во процес на осоамостојување.

Притоа, една од поголемите кампањи насочена кон реализација на активности за помош на овие деца и млади е донаторската акција „Заокружи сметка“.

-Сакам да упатам искрена благодарност до нашиот стратешки партнер Веро што ја поддржа реализацијата на оваа иновативна кампања и што ни ги отстапи своите продажни места за нашата порака и повик за донација да стигне до што поголем број на граѓани.

Секој купувач во Веро кој ја поддржува нашата работа можеше на лесен, брз и едноставен начин да додаде износ за донација на својата сметка. Воедно, се заблагодарувам и до секој вработен во Веро што учествуваше во реализација на оваа хуманитарна кампања и придонесе за нејзиниот успех.

Секако, СОС хероите во оваа кампања се нашите граѓани кои во голем број ја прифатија кампањата, донираа во рамки на своите можности и придонесоа во остварување на нашата мисија за топол дом, љубов и грижа за секое дете, рече Накова Гапо на предавањето на донацијата.

Од Веро истакнуваат дека соработката и поддршката за СОС Детско село ќе продолжи и во иднина, преку различни кампањи и днаторски акции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донација од 2 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф Обложувалници

Редакција

Црвениот крст на град Скопје во соработка со Државна Лотарија со хуманитарна помош за лицата во трето доба за превенција од КОВИД-19

Редакција

Урбан стил – нов инстант лоз на барање на урбаниот начин на живењее

Редакција