еМагазин
Image default
Македонија

Вештачењето во „Тврдина-Таргет” е изготвено од лице без лиценца, вели Јанкулоска

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, осудена на четири години затвор од страна на Кривичниот суд – Скопје, во случајот „Тврдина-Таргет”, на денешната јавна седница во Апелациониот суд – Скопје, изрази надеж дека ваква постапка пред првостепениот суд нема да се повтори.

Таа рече дека пресудата за овој случај е контрадикторна и неаргументирана и посочи дека вештачењето во случајот „Таргет-тврдина“ е извршено од лице без лиценца.

– Во овој контекст ќе го споменам т.н вештачење, велам „така наречено” затоа што прво ова вештачење се однесуваше на клучен елемент за оваа кривична постапка и без него таа не би можела да се води.

Меѓутоа, се до дополнение на доказната постапка, формално-правно тоа и не постоеше затоа што беше изготвено од лице без лиценца спротивно на Законот за кривична постапка и спротивно на Законот за вештачење. Тоа т.н вештачење, всушност не беше вештачење, туку беше проценка и тоа не од проценител од соодветна област, рече обвинетата Јанкулоска.

Претходно, во својот говор, јавниот обвинител од Вишето јавно обвинителство – Скопје, Елвин Вели му предложи на Апелациониот суд – Скопје, да бидат одбиени сите жалби поднесени од обвинетите. Според обвинителот Вели, наводите на одбраната се неосновани.

Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година на обвинетите во случајот за масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) им изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од страна на првостепениот суд е казнет со затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“, (кривично дело кое денеска беше соопштено дека застарува).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација одлучува за затворските казни на Мијалков и Јанкулоска за „Таргет-Тврдина“

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 43 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 355 болни од Ковид-19

Редакција

Потерница за избеганиот осуденик кој пукал во затворски полицаец, вонреден надзор во Идризово

Редакција