еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Веста за авионот од Скопје кој слета во Финска со 24 позитивни лица со Ковид-19 ја обиколи Европа

Информацијата дека од Македонија во Финска слетал авион со 24 позитивни лица на Ковид-19, која ја објави агенцијата Ројтерс заврши во бројни европски, но и светски медиуми.

Се уште нема официјални податоци од каде се сите лица позитивни на корона вирусот кои биле во авионот, но веста создаде погрешна перцепција за Македонија, чиј граѓани веќе имаат забрана за патување во земјите на Европската Унија до крајот на месецов поради лошата состојба со Ковид-19.

Од Министерството за здравство информираа дека ниту еден од патниците не е регистриран како позитивен на корона вирусот во македонската база на податоци.

“Детално ја проверивме листата на патници која ја добивме од аеродромските служби. Ниту еден од патниците кој бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е на листата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно нема решение за изолација заради позитивен корона тест.

После контактот, кој нашето МНР го направи со Амбасадата во Стокхолм, која ја покрива и Финска, сега ја чекаме листата со имиња на 24 патници кај кои бил констатирано присуство на вирусот, заради тоа што во авионот имало и државјани на Косово кои во нашата земја може да транзитираат без тест и не само тие државјани, туку и било кои други“, изјави за Канал 5, министерот за здравство Венко Филипче.

Претходно Министерството за здравство соопшти дека повеќето од 157-те патници кои со авион од Скопје во саботата пристигнале во финскиот град Турку се државјани на Косово и на Финска, а само двајца се македонски граѓани.

“Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши“, соопштија од Министерството.

Токму тоа што државјаните на околните земји на кои при влез во Македонија им се бара ПЦР тест за Ковид-19, но не и кога транзитираат низ земјата предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи.

Денеска како што најави Филипче на состанок на Комисијата за заразни болести ќе се дискутира меѓудругото и за оваа прашање, па можно е тестови да се бараат и за лица од одредени земји, кои транзитираат низ Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали да се бараат ПЦР тестови и за лицата кои транзитираат низ Македонија

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

„Него како воопшто од Скопје полетал авион со 24 заразени со корона?“: Твитер реакции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата не ги донесе новите мерки, побара од Комисијата за заразни болести дополнителни анализи

Редакција

Убава вест: 192 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Галерија) Општина Центар новогодишно накитена

Редакција