Последниве денови сме сведоци на силна црна кампања против мене и моето семејство. Еве на крајот од оваа кампања сакам да ви се обратам директно и искрено вам, дека јас, Данела Арсовска ја побарав вашата поддршка како човек без ниту една дамка во животот и таа поддршка ја добив, рече на денешната прес-конференција, независната кандидатка за градоначалник на Скопје, подржана од ВМРО-ДПМНЕ.
“Јас за разлика од моите противници не направив никаква негативна кампања за нив. Немам потреба од такво нешто, бидејќи локалните избори треба да бидат борба на идеи и проекти на ниво на градот. За жал овие избори некој ги направи извор на лажни вести и црни кампањи.
Најавија дека сега повторно ќе бидат предмет на напади мојот татко, мајка, сопруг и дете. Тоа е и напад врз мене како нечие дете, нечија сопруга, нечија мајка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) И сопругот на Данела Арсовска, Ангел, имал бугарско државјанство, тврдат од СДСМ
Никој не заслужува ваква црна кампања, никој не заслужува да биде предмет на монтажи, фалсификати и продуцирани видеа за да се исмеваат со некого. Никој во оваа земја не заслужува да биде понижуван и навредуван. Затоа што тој што тоа го прави покажува ароганција и слабост. Затоа што тој што тоа го прави сака да ги скрие своите криминали и да избегне одговорност“, рече Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Арсовска: Не поседувам бугарско државјанство и никогаш не сум го носела името Даниела
(Видео+Фото) СДСМ објави лична карта на Даниела Арсовска од Петрич
Фото/видео: Фејсбук/Арсовска