По невремето кое вчера го поплави Делчево и околината и денеска продолжи испумпувањето на вода од домовите на граѓаните и санирање на штетите.
Невремето предизвика голема материјална штета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+фото) Невреме го поплави Делчево, кое нема атмосферска канализација
Во невремето поплавени, како што пренесе дописникот на МИА, беа голем број куќи во пониските делови од градот, а најзагрозени беа жителите од населбата Пролет чии куќи поради излевањето на река Габровчица пливаа под вода.
Настрадаа и просториите на Фондот за здравство.
Поплави беа регистрирани и на улицата Царевоселска, Булевар Македонија, во населбата Студена Чешма и други населби, кои за среќа поминаа без човечки жртви.
Во текот на ноќта освен пожарникарите на терен беа и вработени во комуналното претпријатие кои со механизација расчистуваа дел од наносите на патната мрежа.
еМагазин/МИА/Видео: delcevo365.mk