Од денеска во Италија стапија на сила драстични мерки против коронавирусот, пренесуваат светските агенции.
Мерките кои предвидуваат ограничувања без преседан опфаќаат 16 милиони луѓе и ќе останат на сила до 3 април.
Според новите мерки луѓето не би требало да одат во Ломбардија или да излезат од неа, како и од 14 покраини вклучувајќи ги градовите Венеција, Модена, Парма, Пјаченца, Реџо Емилија и Римини.
Со мерките се воспоставува „безбедносна зона“ која ги опфаќа Ломбардија и 14 провинции, каде се предвидени многу строги ограничувања како затворање на училиштата на сите нивоа, сопирање на скијачките активности и јавните настани.
Нема да се организираат ни свадби, ни погреби.
Музеите, клубовите за вежбање, базените, театрите, општествените и културните центри исто така ќе бидат затворени.
Баровите и рестораните може да останат отворени, но ќе мора да обезбедат одалеченост од еден метар меѓу посетителите ако сакаат да имаат дозвола за работа.
Според последните податоци во Италија од коронавирусот починале над 233 лица, што ја става земјата на второ место по бројот на починати во светот, по Кина.
По бројот на заразени е на трето место, по Кина и Јужна Кореја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците кои се враќаат од Италија потенцијална коронавирус „бомба„
Видео: BBC News