Голем број членови на Централниот одбор на СДСМ, пратеници и градоначалници присуствуваа на вчерашната седница на која едногласно беше донесена Декларација со која се дава поддршка на највисокото раководство на СДСМ, но и останатите институции да продолжат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и за јакнење на правната држава.
Од партијата соопштија дека донесената Декларација за бескомпромисна борба против криминалот е знак дека партиската припадност никого не амнестира од одговорнст за нелегални активности.
Декларацијата доаѓа во чувствителен период за СДСМ со оглед на тоа што во јавноста кружат информации дека членови на партијата се вмешани во аферата „Рекет“.
Видео инсерти од денешната седница на Централниот одбор на СДСМ.
Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Четврток, 18 јули 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Кики и Фрики присуствуваа на ЦО на СДСМ
Цела листа: Кои се првите луѓе на партиските комисии кои се избраа на ЦО на СДСМ
Фото/Видео: Фејсбук/СДСМ