Грција ја тресе нов скандал. Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос натепа жител од областа Али Мериа, оти го навредил, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
O Αχιλλέας #Μπέος ορμάει σε πλημμυροπαθή πολίτη και τον χαστουκίζει, μπροστά σε πολλούς δημότες και περισσότερους αστυνομικούς που απλά … παρακολουθούσαν!
"Οποιος παρεμποδίζει δημόσιο έργο, θα πάει μέσα" απειλεί ο Μπέος.
[Areti Athanasiou] pic.twitter.com/jNEnM9NtBi
— ThePressProject (@ThePressProject) September 30, 2023
Инцидентот се случи откако граѓани се собраа кај уништен мост од невремето „Илиас„, кое предзвика најмногу штета токму во Волос и околината, кој беше најмногу погоден и од претходното невреме „Даниел“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Едно лице почина: Во Грција по невремето се шират заразни болести
(Видео) Вознемирувачки снимки од Волос во Грција по невремето „Илиас“
Тие реагирале дека целиот шут од невремето, фирмата ангажирана од општината го фрла во поток, па дошла и полиција, а по неа и градоначалникот.
Откако градоначалникот бил опцуен од еден од граѓаните, тој бил нападнат од Беос.
Подоцна како што пренесуваат грчките медиуми нападнатото лице му се извинило на градоначалникот, а од извинувањето е објавено и видео.
Штетите од невремето во Грција се проценуваат на над 5 милијарди евра, а граѓаните од погодените области се жалат дека навреме не ја добиле потребната помош од државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вознемирувачки снимки од Волос во Грција кој го погоди и новото невреме „Илиас„
(Фото) Морето од невремето на островот Евија во Грција стана црвено
Видео: Твитер/фото: Фејсбук/Беос