еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Грчките војници кои беа уапсени во Турција се вратија дома

Грчките војници кои во март беа уапсени во Турција откако ја преминаа границата меѓу двете земји и влегоа, како што наведоа, ненамерно во „забранета воена зона” се вратија дома, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Во раните утрински часови ги пречека министерот за одбрана Панос Каменос, кој на Твитер претходно објави слика од Богородица, алудирајќи дека таа ги спасила. Грците денеска го славаат празникот Голема Богородица.

Војниците од турските власти беа обвинети за шпионирање, а случајот дополнително ги заостри тензиите помеѓу двете членки на НАТО.

Турски суд вчера нареди нивно ослободување.

Како изгледаше дочекот погледнете во видеото на ЕРТ:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ ги повика Србите на Косово да бидат мирни и да не наседнуваат на провокации

Редакција

(ВИДЕО) Запалено македонското знаме на протестот против Договорот од Преспа во Атина

Редакција

На солунското пристаниште конфискувани контејнер со над 12 милиони шверцувани цигари од Кина наменети за Македонија

Редакција