Италијанската група „Манескин“, со песната „Zitti e buoni“ (Тивко и добро) е победник на годинешново 65. издание на Евровизија, што се одржа во Ротердам, Холандија.
Тие освоија 524 гласови од жирито и од публиката, а Италијанците важеа за фаворит уште на стартот на Евровизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“30 евра од Вучиќ за сите Македонци што гласаа за Србија“: Твитер реакции за Евровизија
Васил Гарванлиев бил претпоследен на првата полуфинална вечер на Евровизија
(ВИДЕО) Евровизија: И жирито и публиката од Македонија со 12 поени за Србија
Второто место го освои Франција, која ја преставуваше Барбара Прави, со песната „Voila“, која освои 499 поени.
Третопласиран е преставникот на Швајцарија, Џон Тирс со песната „Tout l’Univers“, кој беше прв според гласовите на жирито, а вкупно освои 432 поени.
Фото/видео: Eurovision Song Contest