Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во телевизиско интервју за бугарската телевизија Нова истакна дека Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако нашата држава потпише анекс од 12 точки што го доставиле.
Според Каракачанов, Македонија имала шанса да добие датум за преговори во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров пак неодамна најави „одмор“ од прашањата со Бугарија до март, кога им се избори.
Интервјуто може да се погледне ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Каракачанов
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.