еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Лазаров остана без спонзори, се извини што дозволил да се емитува интервјуто со Латас

Јутјуберот Стефан Лазаров со видео синоќа се извини што дозволил на неговиот канал на Јутјуб да се емитува интервјуто со Драган Павловиќ Латас, кое предизвика лавина од реакции во јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Првото сексуално искуство на Латас предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи

-Латас е човек кој многу го почитувам и има добра интересна животна приказна и затоа се одлучив да биде прв гостин. Концептот е да се зборува за табу теми и за работи кои на телевизија не можеме да ги чуеме. Се согласувам со вас во право сте, и затоа сакам да се извинам за тоа што го слушнавте, а јас како домаќин дозволив тоа да се емитува.

Дали станува збор за силување или не тоа ќе го оставам на вас, но сакам да се извинам зашто се добива слика дека кај мене се промовираат такви работи, вели Лазаров.

Тој вели дека било жално што се гледа дека има оркестрирана хајка против него.

-Од мое смеење од десет секунди од анегдота кажана да ме правите силувач е бедно. Во оваа ситуација се гледа и сакам да ве замолам да размислите како е возможно вторник да е објавено видеото, и да се чека недела, позадината на ова кој го објави и кои институции се вклучија.

Жално е како функционира оваа држава и се вадат од контекст работи. Во рок од еден ден ситуацијата отиде на вести и отиде до Јавното обвинителство, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството и МВР отворија предмет за интервјуто на Латас кај Лазаров

Тој објасни и зошто го тргнал видеото.

– Видеото го тргнав зашто сметам дека таква содржина не смее да има на мојот канал, многу од вас ми пишаа тргни го така ќе покажеш дека имаш морални вредности. Вчера беше поентата да се уништи Стефан за да се затскријат други работи. Јасно ми е дека многу луѓе сакаат да ми наштетат, јас сум млад многу неискусен за вакви работи. Во моментот со Латас јас не дослушнав што сакаше да каже, се насмевнав едноставно..

Вчера беа споделувани слики од моите спонзори кои вие кажавте дека подржуваат ваква содржина. Јас се соочувам прв пат со овие работи, но реалноста е поинаква-згрешив, а не дека подржав силување на жена.

Јас сакам да се извинам на моите гледачи, бидејќи правам содржина која не е за сечиј вкус, правам содржина која во Македонија ја нема. Поткастот на Јутјуб го правиме да изгледа поинаку од телевизиски програм, правиме нешто што ќе излезе од границите на нормалата и јас сум згрешил зашто сум се насмеал.

И потоа следува политичка хајка да дојде до ситуација да ме прави некој силувач, вели Лазаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интервјуто со Латас, кое предизвика бура во јавноста тргнато од Јутјуб

Соопшти и дека веќе нема спонзори.

– Јас повеќе спонзори немам во моментов, и тие се во сериозен притисок, вчера им ѕвонеле во никое време да ме тргнат. Ги разбирам, во лоша ситуација се, им се извинувам и нив. Стефан Лазаров нема да го уништите, како што си дадов отказ од телевизија, така ќе продолжам и сега.

Ќе се борам за сите што веруваат за мене и да го истуркам ова до крај. Ако сакате да ја дискутирате оваа тема да ја погледнете и мојата страна, да ги погледнете видеата, на колку луѓе им помогнал Стефан, во колку иницијативи бил за борба на жени, но и на мажи. Стефан Лазаров нема да го уништите, продолжува многу појако од сега, вели Лазаров.

Фото/видео: Јутјуб/Лазаров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Руската рубља е повеќе погодена од украинската хривња – граѓаните ја плаќаат цената преку обезвреднување на своите заштеди и плати

Редакција

Лидерката на ДОМ, Морачанин, не очекува дека денеска ќе има договор за уставните измени

Редакција

(Галерија) Првите гости пристигнаа: Отворени кафетериите и рестораните

Редакција