еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Анестизиолог снимаше во живо на Тик Ток пациентки и персонал од тетовската гинекологија, полицијата го приведе

Од МВР за МИА потврдуваат дека е приведен анестизиологот кој снимал и објавувал пациенти на „Тик Ток”.

Во тетовско Одри синоќа во 23.40 часот полициски службеници го привеле  В.Д. (43), постапувајќи по пријава од страна на П.В., директор на Клиничка болница Тетово дека В.Д. ,вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата “Тик Ток” лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Директорот на Клиничката болница од Тетово, Плумб Вела, кој и го пријавил случајот во полицијата, најави дека во текот на денот ќе изнесе повеќе детали за овој случај во тетовската болница.

МИА/Фото: МЗ/видео: ТВ 21

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кулминација на превирањата во „Топлификација“: Судот одобри стечај, фрчат кривични пријави

Редакција

Пожари кај селата Пиперово и Гумалево, побарана воздушна поддршка за гасење

Редакција

Брендот Shell пристигна во Македонија, отворени две бензиски станици

Редакција