еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Македонското знаме кренато пред седиштето на НАТО во Брисел

Македонското знаме попладнево е кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.

Знамето беше кренато додека се интонираше државната химна.

Пред свеченото кревање на знамето добредојде на нашата земја во Северноатлантската алијанса посака генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Ние сме денеска собрани овде да и посакаме добредојде на Северна Македонија во семејствоото на НАТО со подигнување на знамето. Триесет знамиња сега ќе се веат заедно како симбил на нашето единство и солидарност. Ова е историски момент за Северна Македонија и доаѓа години посветеност и заложба за реформите“, рече Столтенберг.

Тој истакна дека Договорот од Преспа го овозможи пристапувањето во НАТО и овозможи добросоедски односи и светла иднина за Северна Македонија

„Вашата напорна работа го овозможи овој ден. Ова е добро за стабилноста, безбедноста и мирот на цел Западен Балкан“, рече Столтенберг.

Тој потенцира дека во времиња како ова, пријателите и сојузниците се поважни од кога било и дека нашата држава сега ги има најдобрите пријатели и сојузници во светот.

„Посилни сме заедно. Добредојдовте во НАТО!“, порача Столтенберг.

Свечената церемонија на подигањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, преку видео врска во Скопје се следеше и во Владата.

Формалната постапка за членството во НАТО официјално се затвори на 27 март по депонирањето на инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот на САД во Вашингтон, откако претходно сојузниците во НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување во Северна Македонија во февруари 2019 година, по што сите 29 национални парламенти гласаа за ратификување на членството на земјава во Алијансата.

МИА/Фото/Видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството знае каде се дел од парите од „Рекет“

Редакција

Во сабота можност за локално невреме, од недела посвежо време

Редакција

САД и СЗО договорија нова истрага за потеклото на коронавирусот

Редакција