еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Малиот Ајнур доби шанса за живот со комплексна операција на срцето

Малиот Ајнур од Гостивар е еден од нашите најмали пациенти кои деновиве ја напушти нашата клиника по извршената комплексна операција на срцето, соопшти Клиниката „Жан Митрев“.

„Откако му била дијагностицирана аномалијата на срцето веднаш на родителите им било предложено да одберат во која болница ќе сакаат да ја направат операцијата на своето дете.

Мајката вели дека без размислување се одлучиле операцијата да ја направи доктор Жан Митрев, по што и добиле упат за хоспитализација во нашата клиника.

Вака започнува приказната на малиот Ајнур кој сега е веќе дома и после направениот зафат има функционално срце кое понатаму ќе му овозможи нормален развој и живот. За професионалноста и врвната посветеност на тимот доктори, сведочи неговата мајка“, информираат од Клиниката.

Повеќе детали за она што се случуваше во операционата сала и во оделот за интензивна нега во педијатрискиот оддел говори доктор Ѓорѓи Филев.

Малиот Ајнур успешно опериран во нашата клиника

Малиот Ајнур од Гостивар е еден од нашите најмали пациенти кои деновиве ја напушти нашата клиника по извршената комплексна операција на срцето. Откако му била дијагностицирана аномалијата на срцето веднаш на родителите им било предложено да одберат во која болница ќе сакаат да ја направат операцијата на своето дете. Мајката вели дека без размислување се одлучиле операцијата да ја направи доктор Жан Митрев, по што и добиле упат за хоспитализација во нашата клиника. Вака започнува приказната на малиот Ајнур кој сега е веќе дома и после направениот зафат има функционално срце кое понатаму ќе му овозможи нормален развој и живот. За професионалноста и врвната посветеност на тимот доктори, сведочи неговата мајка. Повеќе детали за она што се случуваше во операционата сала и во оделот за интензивна нега во педиијатрискиот оддел говори доктор Ѓорѓи Филев во видеото што следува:

Posted by ZAN MITREV on Петок, 11 септември 2020

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се новите членови на Одборот на директори на „Фершпед“?

Редакција

45-годишна жена пронајдена почината во дом кај Бит Пазар

Редакција

Со сослушување на вештаци кои го изготвија супервештачењето, во Кривичен продолжи судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција