еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Мицкоски по лидерската: Нема мнозинство за уставни измени, логично е да одиме на предвремени парламентрани избори

Она што можам да го заклучам е дека мнозинството нема мнозинство за уставни измени и водејќи се од овој заклучок логичен след на настаните е Парламентот да се распушти, да формираме техничка влада и да одиме на предвремени парламентрани избори, нагласи Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска по лидерската средба во Собранието.

Тој ја критикуваше власта за она што се разговарало на лидерската средба. Истакна дека наместо за реалните проблеми со кои во моментов се соочуваат граѓаните, тие разговарале за отворање на Уставот и бараните уставни измени.

– Единствената тема којашто беше во нивен фокус е тоа што нив ги интересира за дефукус од ова се каде што се тие неуспешни, а тоа се т.н уставни измени под превезот на некаква си еврпска иднина, потенцираше Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Лидерите не се договорија за ништо, за Ковачевски е позитивно што седнале на заедничка маса

МИА/фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице се тестира на корона вирус, тројца од заболените имаат отежнато дишење

Редакција

Ахмети ќе дава исказ пред Специјалното обвинителство за Косово

Редакција

(ВИДЕО) Пратеничката Пешевска и се нафрли на бившата сопартика Нола Исмајловска во Собрание

Редакција